Влада: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите која одекна низ целата планета

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, беа претставници на Владата на Република Северна Македонија, кои вчера со граѓаните на нашата земја ја пречекаа Тамара Тодевска и нашиот тим кој настапи на Изборот на песна на Евровизијата за 2019 година што се одржа во Тел Авив во Израел.

Извор: Влада