Влада: Во Акција против аерозагадувањето во Скопје засадени 150 зимзелени садници

Во рамки на Акцијата против аерозагадувањето, што се спроведува во повеќе градови низ нашата држава, денеска, во близина на Воениот Стадион во Скопје, беа засадени 150 зимзелени садници. Засадувањето го изведоа припадници на Армијата, а во активностите се вклучија и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Заменик министерот Макрадули истакна дека акцијата е дел од активностите зацртани во Планот за чист воздух, чии две главни компоненти се: засадување на дрва, цвеќиња и грмушести растенија, и чистење на депониите, што деновиве масовно се спроведува низ целата држава.

Акцијата против аерозагадувањето е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

Извор: Влада