Влада: Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет пристигнаа во официјална посета на земјата

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и делегација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет кој утре во нашата земја ќе го одржи својот редовен состанок со теми од програмата за работа на советот.


Во рамките на својата агенда, генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот Совет, вечерва ќе бидат примени од Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.

Официјалниот дел од посетата на делегацијата на највисоките тела на НАТО започнува утре со церемонијата на официјалниот пречек на платото на Владата на РСМ, по што ќе следува билатерална средба на делегациите предводени од Претседателот на Владата на РСМ Заев и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, со амбасадорите на Северноатлантскиот Совет и министрите во Владата на РСМ.


Со работниот дел на Северноатлантскиот Совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада на РСМ, што ќе се ќе се одржи потоа, ќе претседаваат Претседателот на Владата г. Заев и ген. сек г. Столтенберг, по што ќе следува и нивната заедничка прес конференција.


Во текот на утрешниот ден, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Извор: Влада