Водовод – Скопје: Реконструкција на атмосферска мрежа ф200 на бул. 8 Септември

Екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје извршија реконструкција на атмосферска мрежа со профил ф200 во должина од околу 70метри на бул. 8 Септември. 

Со овој зафат се делуваше на подобрување на функционалноста на атмсферската мрежа и се овозможи нејзино непречено функционирање.

 Потребата за изведба на реконструкцијата на атмосферската мрежа се јави по запушување на истата како резултат од испреплетување на корења.

Во текот на активностите се поправени 7 сливници и старите салонитни цефки се заменети со нови пластични.

Извор: Водовод и канализација – Скопје