О.Берово: Започна реконструкцијата на ул. ,,Гоце Делчев” во с. Русиново

Во рамките на активностите на општина Берово, за подобрување на патната инфраструктура во населените места, со почетокот на градежната сезона, започнаа градежните активности за реконструкција и асфалтирање на ул.,,Гоце Делчев”- крак 3, во с. Русиново.

Ќе се асфалтира улицата во должина од 161 метар, широчина 3,5 метри, со асфалтна дебелина од 8см.

Средствата во износ од 1.295.062,00 денари се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2019 година.

Во рамките на овој проект, предвидено е и одводнување на атмосферската вода, со поставување на бетонски монтажни каналети.

Оваа улица, е многу важна за жителите на с. Русиново, бидејќи се користи како пристапна улица до центарот на селото и до основното училиште.

Извор: Општина  Берово