spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Ќе се гради потпорен ѕид на улицата Кумановска

Велес: Ќе се гради потпорен ѕид на улицата Кумановска

Од утре, вторник (07.11.2023 година) започнуваат градежни активности на улица „Кумановска“ за изградба на потпорен ѕид со кој ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола.

За време на градежните зафати ќе се изведуваат различни градежни активности како земјени, бетонски, армирачки и останати градежни работи.

Предвидено е  вклучување на градежна механизација од различен обем и вид. Во текот на  изведување на градежните работи улицата  нема да биде проодна за сообраќај.

На лице место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедно  изведување на градежните работи како и безбедно одвивање на сообраќајот.

Градежните работи, согласно предвидената динамика на изведувачот, треба да завршат  до крајот на  декември  2023  година.

 

 

 

Извор: Општина Велес

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...