spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, 98,6...

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, 98,6 милиони евра од ЕБОР

Со обезбедување 98,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), државата ја заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за изградба на Гасен интерконектор со Грција. Денеска во Собранието беше усвоен Законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе биде склучен помеѓу Номагас АД Скопје и Европската банка за обнова и развој.

„Проектот за регионална гасификација е од стратешко значење за Република Северна Македонија. Обезбедува сигурност во снабдувањето и диверзификација на изворите на снабдување, а со тоа ја зголемува и нејзината енергетска независност. Дополнително влијание ќе има и врз обезбедувањето забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими и додаде дека станува збор за еден од најприоритетните проекти и за земјата и за регионот, а дека е поддржан од сите релевантни европски институции.

Инаку, ова е дел од инвестицискиот пакет за реализација на крупни инфраструктурни проекти во наредниот период, како во патната така и во железничката инфраструктура, во енергетиката и сл. Тие се моторот на развојот за обезбедување одржлив раст.

За реализација на проектот обезбедени се 28,9 милиони евра заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 12,7 милиони евра грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ и 98,6 милиони евра од ЕБОР.

Со проектот е опфатена изградба на интерконекторот со Грција (66 км) и двете делници Гостивар – Кичево (34 км) и Свети Николе – Велес (28 км).  Имплементатор на проектот е Номагас АД Скопје.

По усвојувањето на Законот за гаранција од страна на Собранието следува потпишување Договор за гаранција помеѓу Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии, и ЕБОР, Договор за заем помеѓу Номагас АД Скопје и ЕБОР и Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Министерството за финансии и Номагас АД Скопје.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...