spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Отстранет дефектот со водоводната мрежа во Тотинци

Петровец: Отстранет дефектот со водоводната мрежа во Тотинци

Во населбата Тотинци (горно маало) конечно после десетдневна тешка работа на вработените од ЈКП Петровец од Петровец пуштена е во употреба водоводната мрежа и е отстранет дефектот на системот. Знаеме дека проблемот со вода е е еден од најголемите комунални проблеми особено кога високите температури го достигнуваат и 40-тиот степен. Но благодарение на ангажираноста на вработените од ЈКП Петровец кои и покрај горештините кои овие денови ја зафатија Македонија, не штедејќи се себе си успеава да ја пуштат водоводната мрежа во Тотинци.

Благодарност до жителите од овој дел на Катланово кои беа стрпливи додека траеше работата на мрежата и останаа без вода за време на рабаотата на службите на ЈКП Петровец. Проблем со водоснабдување има и населеното место Дивље каде деновиве се појави недостаток на вода во бунарите, а причина за тоа е намалената количина на вода која доаѓа до бунарите од самите бушотини. Во тек се превземање на активности за решавање на водоснабдувањето на ова населено место.

Извор: Општина Петровец

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен. На средбата се говореше за откупот на конзумно и...