spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Франција е наш значаен партнер и пријател

МП: Франција е наш значаен партнер и пријател

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, реформската агенда,проектите како и за следните приоритети на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2024-2028.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите овие процеси со различна помош, вклучувајќи и екпертска .

Како особено значајна беше истакната соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност во Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.

Се очекува во септември во нашата држава да пристигне експертот Сесилиа Мароние која ќе работи две години во Министерството за правда и ќе ни помогне во процесот на евроинтеграциите.

Филков и Бомгартнер се обврзаa за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката од заеднички интерес.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...