Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски имаше воведно обраќање на третата сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), на Работната група 6 – Антикорупција, на тема „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансииʺ.
Mинистерот Андоновски истакна дека, преку дигитална трансформација имаме можност да ја унапредиме транспарентноста и ефикасноста на јавните финансии, создавајќи кохезивна дигитална инфраструктура која ќе овозможи поефикасно управување со јавните ресурси и зголемена доверба на граѓаните во институциите.
„Нашите напори за дигитална трансформација се насочени кон иднината – иднина во која инвестициите во дигиталната инфраструктура ќе бидат двигател на сите сфери од општеството“, рече Андоновски.
Во контекст на поврзливоста и воспоставувањето на кохезивна дигитална инфраструктура, зборуваше за напорите што веќе се прават за унапредување на функционалноста на Платформата за интероперабилност која овозможува електронска размена на податоци и документи помеѓу институциите,како и меѓу институциите, компаниите и граѓаните на стандардизиран, безбеден и унифициран начин.
„Не можеме да зборуваме за примена на вештачка интелигенција, алатки за подобрување на транспарентноста или откривање на потенцијални случаи на корупција, доколку над 90% од институциите податоците ги чуваат на хартија или ги разменуваат на традиционален начин, a не се поврзани во една заедничка дигитална околина. Дигитализацијата на регистрите ќе овозможи брз пренос на податоци и примена на алатки за нивна автоматска обработка и анализа. По постигнување на оваа цел, потенцијалот за примена на ИКТ технологии во контекст на денешните теми неколкукратно се зголемува“, нагласи Андоновски.
Извор: Министерство за дигитална трансформација