spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“

МФ: „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“

Претставници од Министерството за финансии денеска учествуваа на третата сесија на Работната група 6- Антикорупција (Поглавје 5, Поглавје 18 и Поглавје 32), на тема – „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“ во организација на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК).

На третата сесија на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), посветена на спречувањето и борбата против корупцијата, низ два панела се водеше дијалог поврзан со прашања за нивото на дигиталната инфраструктура и дигитална писменост во нашата земја, како и за предностите што ги имаат повисоките нивоа на дигитализација и примената на вештачката интелигенција во работењето на јавната администрација и управувањето со јавните финансии.

На настанот учествуваа претставници од релевантни институции, граѓански организации, меѓународни експерти и други, кои дискутираа за прашањата поврзани со дигиталната трансформација, како еден од клучните приоритети за Европската унија и улогата на дигиталната трансформација во подобрување на јавните финансии и борбата против корупцијата.

Како држава кандидат за членство во Европската Унија вложуваме значајни напори за да ги следиме овие современи тенденции кои со голема брзина го менуваат начинот на работењето и живеењето во светски рамки.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...