spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба на министерот Лимани со претставници на Националниот совет на инвалидски...

МСПДМ: Средба на министерот Лимани со претставници на Националниот совет на инвалидски организации

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани се сретна со претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Северна Македонија.

Претставниците на Сојузот го информираа министерот Лимани за предизвиците со кои се соочуваат инвалидските организации кои се во негов состав, активностите на членовите на организациите, а посочија и идеи за подобрување на легислативата која ја опфаќа оваа област.

Министерот Лимани истакна дека нивните барања кои се меѓу другото во насока на зголемување на дотациите, промена на законското решение за социјална заштита, подобрување на условите за работа на Сојузот ќе бидат разгледани и ќе се работи на изнаоѓање на заедничко најсоодветно решение кое ќе придонесе за подобрување на нивното функционирање.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...