spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев одржа продуктивен состанок со претставници на Меѓународниот републикански институт

МЈА: Министерот Минчев одржа продуктивен состанок со претставници на Меѓународниот републикански институт

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денес одржа продуктивен состанок со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на кој се разговараше за тековната и идна соработка насочена кон зајакнување на демократското владеење и реформата на јавната администрација.

Состанокот се фокусираше на неколку клучни области, вклучително и зајакнување на транспарентноста, отчетноста и посветеноста за поттикнување на поинклузивен и поефективен систем на јавна администрација.

Министерот Минчев ја истакна важноста на меѓународната соработка за постигнување на овие цели, истакнувајќи – „Нашето партнерство со ИРИ е од клучно значење за спроведување на најдобрите практики во јавната администрација. Посветени сме да работиме заедно за да создадеме потранспарентна и поодговорна институција во интерес на нашите граѓани.”

Претставниците на ИРИ ги претставија нивните тековни програми и истакнаа ентузијазам за континуирана соработка со министерството.

“Ја поздравуваме посветеноста на Министерството за јавна администрација за унапредување на демократските принципи и заложбите за промовирање на демократското владеење и реформите во јавниот сектор“, – посочи Илина Мангова, регионална советничка за Европа на ИРИ.

Извор: Министерство за Јавна администрација

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...