spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Аеродромци ги испратија коњаниците во Крушево

Аеродром: Аеродромци ги испратија коњаниците во Крушево

Голем број граѓани денеска присуствуваа на свеченоста за испраќање на коњаниците од Илинденскиот марш во Крушево, каде што на 2 август ќе бидат дел од прославата на големиот празник Илинден.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во паркот „Јане Сандански“ им го предаде општинското знаме на коњаниците чија поворка потоа, придружувана од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче.

Коњаниците, кои оваа година се во најмасовен број досега, вкупно 40, меѓу кои има и две жени, на патот до црквата минуваа низ главните булевари на општината, каде што срдечно беа поздравувани од жителите кои им посакуваа среќен пат.

Во црквата „Свети Петар и Павле“ се одржа свечена литургија, по што се одржа богата музичка програма прилагодена за овој свечен настан.

В. д. градоначалникот Митески и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Антонио Петковски, добија плакети со благодарност за особен придонес и поддршка на Илинденскиот марш.

Митески во своето обраќање пред присутните истакна дека е особено горд што Илинденскиот марш веќе 46 години е обележје, како на Горно Лисиче, така и на Аеродром.

„Оваа манифестација има огромно значење за зачувување на културата и традицијата, но и за пренесување на историјата на новите генерации“, порача Митески и им посака среќен пат на коњаниците до славното Крушево.

Организатор на овој настан е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година даде финансиска и целосна поддршка за оддржување на овој настан.

ПОГЛЕДНЕТЕ👀👈

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МТ: Николовски – Има голем интерес од Авиокомпаниите за воведување на...

0
Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот...