spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Средба Андоновски – Вал : Со ОБСЕ ќе ја продолжиме соработката...

МДТ: Средба Андоновски – Вал : Со ОБСЕ ќе ја продолжиме соработката за исполнување на европските стандарди

Плановите за понатамошно спроведување реформи преку дигитализација, достапни е-услуги за граѓаните, зајакнување на институциите и борба против корупцијата, беа меѓу темите на работната средба меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ.

Министерот Андоновски му се заблагодари на амбасадорот Вал за долгогодишната помош и поддршка на Мисијата на ОБСЕ во сите процеси што се одвиваат во нашата земја.

,,Со организацијата за безбедност и соработка и во иднина преку партнерски процес, ќе спроведуваме заеднички активности во насока на исполнување европските стандарди и стратешките приоритети во однос на дигитализацијата“, порача министерот Андоновски.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Владата одлучи, се ограничува бруто профитната маржа на...

0
Почитувани медиуми, Почитувани граѓани,  Како што и претходно најавив, сакам да ве известам дека на предлог на Министерството за економија и труд, Владата на денешната седница...