spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на Министерот Муртезани со шведската амбасадорка Џеин

МЕП: Средба на Министерот Муртезани со шведската амбасадорка Џеин

Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин, на која беше разгледана тековната развојна соработка и потенцијалите за продлабочување на билатералните односи.

Муртезани се заблагодари за клучната улога на Кралството Шведска во поддршката при остварувањето на реформите и целите поврзани со зачленувањето во Европската Унија. Тој подвлече дека Шведска редовно ја демонстрира таа поддршка преку исклучително значајната билатерална помош, што е единствен од ваков вид директна финансиска помош од земја-членка на Унијата. Ваквата посветеност се согледува и во новата стратегија на Шведска за реформска соработка со земјите од Западниот Балкан за периодот 2021-2027,  а се фокусира на напредокот во делот на човековите права, демократското управување, одржливиот развој и инклузивниот економски раст.

Џеин и Муртезани разговараа и за имплементацијата на проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), со кој се обезбедува континуитет на претходната поддршка од Шведска и Норвешка, а кој значително го подобри механизмот за координација на ЕУ, помагајќи ги реформските напори насочени кон усогласување со европските стандарди, вредности и acquis.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...