Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, го распиша Конкурсот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2024 година.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.
Конкурсот беше објавен во весниците: „Нова Македонија“ и „Коха“.
Пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, заклучно со 10 септември 2024 година во (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк-Скопје).
Наградите се врачуваат на посебна свеченост од Градоначалникот на Град Скопје, на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.
Извор: Град Скопје