spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Од пазарот се повлекуваат серии од производите Кексичи како перелив и...

АХВ: Од пазарот се повлекуваат серии од производите Кексичи како перелив и Најлепше жеље кукис ноисет

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради  можност за присуство на  надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:

– 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок  на траење 11.05.2025 
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. 

Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. 

АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови  на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Куманово: SPEAK UP FORUM 3 – младинска работилница

0
Центар за климатски промени во соработка со Општина Куманово и УНИЦЕФ, денеска беше организатор на младинска работилница, во рамки на проектот “Младинска акција за чист воздух”, во големата сала на поранешен...