spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: СДСМ воведе данок на луксуз и тие пари потоа ги крадеа...

Мицкоски: СДСМ воведе данок на луксуз и тие пари потоа ги крадеа од буџетот, ние ја ограничивме маржата на основните прехранбени производи за да ја олесниме живејачката на граѓаните

„Па да јас од тоа што го слушам од страна на опозицијата во овој период освен тоа што е безидејна порака и порака што не допира никого, се и овие би рекол гимнастики коишто ги прават на отворена сцена коишто им се враќаат како бумеранг, негативен врз нив тие забораваат дека 1.300 мислам беа производи на коишто им го покачија ДДВ од 5 на 10 проценти а потоа додадоа и данок на луксуз. Зошто воведоа данок на луксуз? За да можат тој луксуз да го користат преку наместени тендери да го крадат истиот буџет и да завршува во нивни приватни џебови“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање при денешната посета на Општина Кавадарци.

Премиерот прецизираше дека лица од претходната Влада на грб на граѓаните стекнаа многу имоти.

„Да бидам попрецизен, тоа го користам честопати во изминатиов период, од голтари станаа милионери, буквално од голтари сега милионери ги гледаме со хациенди, со раскошни возила, со имоти надвор од Македонија и така натаму. Тоа е разликата“, подвлече Мицкоски.

„Оваа есенска кошничка е тартегирана и е резултат на анкета којашто е правена со граѓаните, кои се производите коишто во оваа есен се нај користени од страна на граѓаните, исто таква анкета ќе има и предновогодишна ќе има таква и пролетна, така што нашата цел како Влада којашто се грижи за граѓаните е производите коишто се најупотребувани на страна на граѓаните да бидат опфатени со оваа мерка. Нормално ние немаме намера да ја ограничуваме маржата на перки од китови или кавијар не знам каков којшто доаѓа од не знам каде, бидејќи мал е бројот на граѓани коишто тоа го користат, тие претпоставувам се во редовите на СДСМ и ДУИ, но сите останати се борат како да го поминат месецот од први до први и ние се фокусираме на тој тип на производи. И така и ќе биде и во периодот којшто следи“, истакна претседателот на Владата, Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи...