spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“

Центар: Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“

Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец.

Со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 метри квадратни, а опфатени се и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите.

Покрај коловозот, на „Народен Фронт“ се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и поголема безбедност, се воведува резидентно паркирање за станарите и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување.

 

Со завршувањето на градежните активности на вториот дел, ќе започне третата и финална фаза која ќе биде готова на почетокот на октомври, а граѓаните ќе добијат нова и безбедна улица во Капиштец, еден од најгусто населените делови во Општина Центар.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...