spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Меморандум за соработка за учество во програмата ReLOaD2

Куманово: Меморандум за соработка за учество во програмата ReLOaD2

Општина Куманово активно работи со локалните граѓански организации и фондации.

Проектот ReLOaD2 во следните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиско опкружување за граѓанските организации (ГОи).

Во изминатите четири години Општина Куманово преку програмата ReLOaD имаше организирано три повици за грантови за предлог проекти, кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои беа опфатени следните приоритетни области:заштита на животната средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура, како и младински иницијативи.

Преку оваа програма на територијата на Општина Куманово беа доделени вкупно 9 грантови на локални граѓански организации. Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

 

 

 

 

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

Карпош: Обука за Самоодбрана и Фитнес

0
Од понеделник, (23 септември) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ продолжува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за жени и...