spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба помеѓу министерот Тупанчески и Основниот јавен обвинител,Бубевски

МП: Средба помеѓу министерот Тупанчески и Основниот јавен обвинител,Бубевски

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески вчера попладнево оствари средба со Основниот јавен обвинител, Габрил Бубевски.

Законот за кривична постапка и Кривичниот законик беа една од темите на дискусија на средбата. Министерот истакна дека во Министерството за правда се формирани работни групи кои работат на овие две законски решенија и очекува дека до крајот на
годината истите ќе бидат доставени во Собраниска процедура.

Министерот потенцираше дека во иднина ќе се остварат и средби од координативен карактер со Државната комисија за спречување на корупција со цел решавање на одредени прашања и дилеми кои се од големо значење за работењето на Основното јавно обвинителство.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...