spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУОдржан редовен конгрес на САДУ

Одржан редовен конгрес на САДУ

Во текот на вчерашниот ден се одржа редовен Конгрес на САДУ на кој се избра раководството за следниот мандатен период.

Конгресот се одржа во х. Аквалина во преубавиот Охрид на ден 26.09.2024 год. со почеток во 14,00 часот.

На овој Конгрес како тема на која се даде акцент беше задржување на младите кои си заминуваат од земјата, но и од Западен Балкан и се усвои резолуција за привлекување и задржување на младите членови во САДУ и спречување на миграцијата на младите. како една од вкупно четирите резолуции кои беа усвоени:

  1. Резолуција за слобода на синдикалното движење
  2. Резолуција за поттикнување на колективното договарање
  3. Резолуција за платите
  4. Резолуција за привлекување и задржување на младите членови во САДУ и спречување на миграцијата на младите

Во пресрет на Конгресот со почеток од 11,00 часот беше одржана и  конференција која беше на истата тема односно ,,Миграција на младите од Западен Балкан” и на истата се дискутираше за тоа како синдикатите да ги привлечат младите да останат во државата.

Меѓу присутните кои беа сведоци на овој транспарентен и демократски процес беа домашни и странски гости меѓу кои претседателите на гранските синдикати при КСС, делегации од Granski sindikat uprave, pravosuđa, odbrane i policije „Nezavisnost“ GS UPIP NEZAVISNOST, Granski sindikat zdravstva i socijalne zaštite „Nezavisnost“ GS ZSZ NEZAVISNOST, Sindikat  uprave Crne Gore, Петра Ившиќ од Европската федерација на синдикати од јавен сектор – EPSU, Стивен МекКлауд од  Solidarity center од Америка и Заменик министерот за економија и труд, г-динот Марјан Ристески.

На почетокот од страна на говорниците беа упатени желби за успешна работа на овој  Конгрес и за плодна понатамошна работа и секако соработка со братските синдикати на САДУ од регионот.

Заменик министерот Марјан Ристески посака успешен конгрес и кажа дека во иднина треба ќе имаме соработка како влада со синдикат и дека ќе го подобриме социјалниот дијалог заеднички да делуваме како партнери за подобрување на животниот стандард на граѓаните и покачување на платите.

Посака успешен конгрес и соработка со претседателот кој ќе биде избран денес.

Петра Ившиќ истакна дека и е голема чест што присуствува на овој конгрес особено што темата на овој конгрес се младите, бидејќи и во Хрватска, земјата од која таа доаѓа, се соочува со истата проблематика.

Стивен МекКлауд како наш соработник и како некој кој ја  познава нашата работа и не поддржува ни посака продолжување на работата како и до сега и исполнување на програмата во која се зацртани целите за идниот петгодишен мандат со раководството кое сега ќе биде избрано и кое ќе продолжи со истиот интензитет и желба за подобрување на работничките права.

На крајот од Конгресот како што беше предвидено согласно дневниот ред беа избрани членовите на телата, усвоени беа програмата и резолуциите и на крај се направи избор на претседател на САДУ.

Доставени беа две кандидатури за претседател од страна на досегашниот претседател Благоја Ралповски и Драган Јосевски, претседател на синдикалната организација на правосудство.

Пред самото гласање на своето обраќање пред присутните Драган Јосевски ја  повлече својата кандидатура од свои лични причини, па потоа  Благоја Ралповски како единствен кандидат едногласно беше избран за Претседател на САДУ за следниот мандат од пет години.

Благоја Ралповски се заблагодари за тоа што повторно му е укажана доверба од страна на синдикалните организации, што ја препознале неговата желба и труд за подобрување на работничките права и условите за работа, особено во јавната администрација и што заедно со него ги водат истите битки.

Посака успешна работа во наредните години, продолжување на веќе започнатите процеси за кои САДУ вложува труд  повеќе години со надеж дека сите заедно ќе успееме како САДУ да ги исполниме своите програмски цели.

Во прилог: ГАЛЕРИЈА

Извор: САДУ

Прочитајте