HomeСиндикатиКСССиндикатите за праведна транзиција – одржана втората работилница

Синдикатите за праведна транзиција – одржана втората работилница

Во периодот од 01 до 03 септември 2025 година се одржа втората работилница во рамките на проектот „Синдикатите за праведна транзиција“, кој Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија го спроведува во соработка со Меѓународната организација на трудот.

Целта на проектот е да се изгради и промовира ставот на КСС во однос на праведната транзиција, како и да се зајакнат организациските и стручни капацитети на синдикатот за поефективно вклучување во креирањето на национални политики поврзани со ова прашање.

Преку оваа работилница, синдикалните претставници ги унапредија своите знаења и разбирање за влијанијата од транзицијата, со што се создава основа за градење на синдикални позиции од долу нагоре и за поголема ангажираност во процесите на праведна транзиција.

Работилницата опфати теми како што се: влијанијата од двојната транзиција (еколошка и дигитална), преквалификација на работната сила, создавање зелени работни места, како и вклучување на работниците во процесите на информирање и консултација.

Во рамките на проектот се предвидени повеќе активности, меѓу кои и организирање на две дводневни работилници – од кои двете веќе се успешно реализирани.

Работилницата е поддржана од Меѓународната организација на трудот (МОТ)

Извор: Конференција на Слободни Синдикати

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...