HomeСиндикатиКСССиндикатите за праведна транзиција – одржана првата работилница

Синдикатите за праведна транзиција – одржана првата работилница

Во периодот од 24ти до 26ти Август 2025 год. се одржа првата работилница во рамките на проектот Синдикатите за праведна транзиција кој го спроведува Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со Меѓународната организација на трудот.

Главна цел на проектот е да се ​​развие и промовира позиција на КСС за праведната транзиција и да се зајакнат капацитетите на синдикатот за поголемо вклучување на синдикатот во националните процеси на креирање политики поврзани со праведната транзиција. Остварување на целта е предвидено со повеќе активности меѓу кои и одржување на две дводневни работилници од кои веќе едната се реализираше.

Со оваа работилница  се ​​зајакуваат  капацитетите на синдикалните претставници за влијанијата од транзицијата и да се гради позиција од долу нагоре за поголемо вклучување на синдикатите во процесот на праведната транзиција.

Темите на работилницата беа  влијанија од двојната транзиција, преквалификација, зелени работни места, учество на работниците во процесот на консултирање и информирање.

Извор: Конфедерација на слободни синдикати

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...