spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре

Прилеп: Меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре

Во организација на ППК Младост 96, се оддржа „Меморијален меѓународен турнир Илија Карески-Каре“, во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ посветен на прерано починатиот Каре кој бил основач на клубот во 1996 година, заедно со неговиот брат Петар Карески,од каде што се произлезени репрезентативци во пинг-понг на Македонија скоро во сите категории.

 

Најпрвин пред присутните се обрати потпретседателот на ППК Младост 96 Златко Рикалоски,  кој што во својство на домаќини и организатори на турнирот во името на клубот се заблагодари за учеството на сите играчи, како и за поддршката на семесјтвото на Каре и за присуството и поддршката на градоначалникот Борче Јовчески .

Градоначалникот Јовчески беше присутен на официјалниот дел на свечено отворање на турнирот. „ Честитики до организаторите клубот Младост 96 и сите останати што се вклучени во организацијата. Прв од ваков тип, меѓународен и се надеваме дека во иднина овој турнир ќе стане традиционален, и ќе продолжиме секоја година достојно да се потсетуваме на господинот Илија Карески, а јас како градоначалник лично ќе се залагам во рамките на можностите како локална самоуправа да бидиме вклучени и да помогниме за се што ќе биде потребно. Верувам дека ќе се надоградувате и со учесници и со гости, во интерес на значењето на спортот и сите спортски активности за Прилеп и прилепчани.“рече градоначалникот Јовчески.


Потоа заедно со господинот Рикалоски доделија плакети за придонес во пинг-понгот и соработка во минатото со Каре, на неколку играчи-ветерани од повеќе градови од Македонија, а исто така постхумно плакета за Илија Карески им беше врачена на членовите на неговото семејство кои што беа присутни и исто така го поздравија овој турнир.

Турнирот е влезен во календарот на Пингпонгарска федерација на Македонија.Истиот се планира да прерасни во традиционален,со зголемување на бројот на учесници и држави,секоја наредна година. На турнирот учество земаа околу 90 учесници од следните земји:Македонија, Германија, Србија, Црна Гора и Косово.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте