spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: „Спортист на годината“

Радовиш: „Спортист на годината“

Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, на 04.02.2022 год., Петок во Ресторан „Маг Марг“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.

Претходно комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2021-та година.

 

Манифестацијата беше отворена со поздравен говор на Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов а потоа следуваше видео презентација на документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“.

 

По презентацијата, најпрво беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување на Атанас Ципушев од СРРК „Крап“ и Драги Коцев од ЖФК „Плачковица“ а потоа следуваа Плакетите на Горан Атанасов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски тренер на годината и на Перо Трајчев од КК „Бучим-Феникс“за спортски работник за повеќегодишна работа. Веднаш потоа беа доделени Плакети за науспешни спортски екипи на  Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ и Женскиот фудбалски клуб „Плачковица“.

 

 

Во продолжение од страна на Градоначалникот Ристов, беа доделени Плакетите за спортсти на годината на: Мемет Усеинов во категорија-пионери, Зорица Јованова и Арон Николов во категорија-кадети како и Плакетите на Благица Гоцевска од Џудо клуб „Сенсеи“ и Мирко Василев од Муаи Таи клуб „КОМБАТ“ за Спортисти на годината – категорија Сениори.

 

 

На крај постхумно беше доделена Плакета на Зоран Мајсторски од Алпинистичкиот клуб „Плоча“ за врвни достигнувања во спортот.

 

 

 

 

Извор: Општина Радовиш 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...