spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба Алити-Холштајн

МИОА: Работна средба Алити-Холштајн

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн.

Изразувајќи задоволство од средбата, министерот Алити се заблагодари за континуираната поддршка на Сојузна Република Германија кон нашата земја. Министерот  ја запозна амбасадорката со тековните проекти на МИОА, предизвиците и идните активности, истакнувајќи дека остануваме посветени на заложбите за реформи и унапредување на работата на јавната администрација, како и понатамошен развој на дигитализацијата.

 

,,Реформите во администрацијата се неопходни поради брзите промени во општеството и технологиите, така што ние мора да се прилагодуваме и во тој дел. Воедно, да се посветиме на дигитализацијата како механизам и движечка сила за борба против корупцијата“, потенцираше министерот Алити.

Министерот ја истакна силната заложба за понатамошна професионализација на администрацијата која ќе биде деполитизирана и за вработување на квалитетен и стручен кадар.

Амбасадорката Холштајн од своја страна посочи дека Сојузна Република Германија останува силен поддржувач на нашата земја и во однос на остварување на реформите на  патот кон ЕУ. Во таа смисла изрази подготвеност за пренесување на германските искуства и помош, меѓу другото и  во однос на реформата во јавната администрација, што беше поздравено од страна на министерот.

Двајцата соговорници се согласија дека МИОА и германската амбасада ќе ја продолжат успешната соработка и во иднина.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...