На 9 и 10 февруари 2022 година во Талин, во организација на Министерството за надворешни работи на Естонија и естонскиот институт за човекови права, се одржа Третата глобална Конференција за слобода на медиуми, на која Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи учествуваше со видео обраќања.
Министерот Османи во своите изјави во рамки на министерскиот состанок и сесијата наменета за конкретни заложби, ја истакна важноста на слободните, независните, плуралистичките и професионалните медиуми за просперитетот на секое демократско општество. Во тој контекст ја потенцираше и посветеноста на Северна Македонија за почитување на овие слободи и принципи, било тоа на домашен така и на меѓународен план.
Северна Македонија е членка на Коалицијата за слобода на медиуми, која претставува партнерство на 50 земји со заложба да работат за промоција и унапредување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, иницирано во 2019 година, со водство на Велика Британија, Канада и Холандија како ко-претседавачи.