На 10 февруари 2022 година заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки оствари средба со пратеникот во Европскиот Парламент Кристијан Сагарц (ЕПП, Австрија), кој престојува во работна посета на Северна Македонија.
На средбата се разговараше за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес на нашата земја, перспективите за отворање на пристапните преговори со ЕУ и состојбите во регионот.
Двајцата соговорници ja констатираа нашата посветеност кон реформската агенда и напредокот во клучните области. Воедно, беше изразено очекувањето за што поскоро усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција со која ќе се означи и почетокот на преговарите со Европската Унија. Во тој контекст, беше нагласена важната улога и поддршката на Европскиот Парламент. Беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот и безбедносните импликации поврзани со ситуацијата околу Украина.