spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Со политики и стратегии продолжуваме да градиме инклузивно општество во кое...

МТСП: Со политики и стратегии продолжуваме да градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднакви права и пристап за напредок и развој

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера се сретна со координаторот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија, Спасе Додевски.

 

На средбата се разговараше за досегашните и идни активности на ова тело, кое во својот делокруг на делување, директно придонесува за унапредување на човековите права на лицата со попреченост.

Координаторот Додевски покрај претставувањето на работата на ова тело, се осврна на подготовката на Акциски план за 2022 година за имплементација на мерките од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, со фокус на обврските на Министерството за труд и социјална политика, како и подготовката на нова Национална стратегија за правата на лицата со попреченост.

Министерката Тренчевска истакна дека еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика е унапредување на статусот на лицата со попреченост во нашето општество.

„Продолжуваме да градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаат еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги,“ рече Тренчевска.

Национално координативно тело предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата на ООН. Исто така, Националното координативно тело соработува со лицата со попреченост и со нивните репрезентативни организации.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...