spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две...

МЗШВ: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера во Ресен одржа средба со производителите на јаболка од овој регион. На средбата се разговараше за моменталната состојба со откупот на јаболка, како и за мерките од новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година. Министерот Николовски посочи дека оваа година за прв пат, први овоштарите вклучително и производителите на јаболка со новата пилот мерка ќе имаат две исплати за субвенции, една по Програмата 2021 и една по новата Програма 2022.

„Во новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2022 усогласена со европската регулатива, имаме нова пилот мерка оваа година само за овоштарите, но од следната година и за другите сектори, според која сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Новата Програма 2022 е излезена во Службен весник и овоштарите за прв пат годинава  авансно ќе добијат линерана субвенција од 12.000 денари по хектар, тоа е првата исплата како што ја има во секоја европска земја, потоа останатиот дел од основната субвенција ќе ја добијат следната година. Ова е нова, европска реформа во процесот на исплата на субвенции, со која авансно се исплаќаат 30 отсто, што од 2023 година ќе важи за сите култури“, рече министерот Николовски.

Дел од новитетите во Програмата 2022 е зголемување на износот за кофинансирање на мерката за зелена нафта, поради зголемување на цената на нафтата, при што министерот Николовски посочи дека колку што се зголемени трошоците за нафта толку ќе изнесува и зголемувањето на поддршката на износот. Иако кофинансирањето годинава останува 50 отсто, зголемувањето во пари поддршката ќе биде поголема, рече министерот Николовски .

Согласно новата Програма, се бришат критериумите за пријавена површина и грло, односно носителите на земјоделски стопанства кои се регистрирани како вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сите  ќе добијат 20 отсто дополнителни финансиски средства.

На состанокот, министерот Николовски посочи дека наскоро започнува реализацијата на проектот на Светска банка, преку кој во Ресен но и во Скопје и Струмица ќе се изградат современи откупни центри, кои се од големо значење за земјоделците од овој регион, за откупот и за трговијата. Министерот Николовски информираше дека се подготвуваат крупни реформи во земјоделството преку нови законски решенија како што е подготвката на Закон за уредување на пазарите, со кој се утврдуваат  пазарните политики и се отвора можност за формирање на асоциации на производители, Закон за директни плаќања, Закон за рурален развој, Закон за советодавни услуги, Закон за осигурување и други закони.

На средбата се разговараше и за барањето на производителите на јаболка за продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од 3 денари по килограм за продадено индустриско јаболко, за што министерот Николовски порача дека заеднички со сите надлежните институции и по анализите и контролите од Државниот инспекторат за земјоделство, ќе се дефинира соодветно решение.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...