spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Градоначалникот Стефковски ја посети американската компанија „Теламон“

Гази Баба: Градоначалникот Стефковски ја посети американската компанија „Теламон“

Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на приватната компанија Теламон која е сместена во рамки на компанијата Маквелд во населеното место Инџиково, која во моментов гради нов производен капацитет кој ќе овозможи отворање на нови работни места.

Теламон е една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилска индустрија и досега имаат инвестирано над 4 милиони евра и имаат вработено над 200 лица кои најголем број се од општина Гази Баба.

Градоначалникот Стефковски истакна дека ќе даде поддршка за понатамошна соработка со компанијата, која обучува кадри за повеќе квалификации од оваа индустрија, а и на секоја останата компанија која сака да се развива на територијата на општина Гази Баба.

Приватните компании се двигател на економскиот напредок и секоја реализација на нови инвестиции и отворање на нови работни места се приоритет на општина Гази Баба.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...