spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Потпишан меморандум за соработка со Асоцијацијата ХЕРА

Гази Баба: Потпишан меморандум за соработка со Асоцијацијата ХЕРА

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски потпиша Меморандум за соработка со извршниот директор на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, Бојан Јовановски, со цел спроведување на Програмата за имплементација на Акцискиот план за вработување на ромки на подрачјето на општина Гази Баба за 2022 година.

Советот на општина Гази Баба на седницата одржана на 24 декември 2021 година донесе Програма за имплементација на Акцискиот план за вработување на ромки на подрачјето на општина Гази Баба за 2022 година, во која е предвидено ангажман на една ромка од работната група за имплементација на Локалниот акциски план за вработување на ромки на подрачјето на општина Гази Баба и вработување на уште една ромка во општина Гази Баба на определено време од една година.

Со потпишувањето на меморандумот за соработка, градоначалникот Стефковски изрази подготвеност на општината за поддршка во реализацијата на Акцискиот план за вработување на ромки на подрачјето на општина Гази Баба во текот на 2022 година и во наредниот период.

Претставниците на ХЕРА изразија задоволство од соработката со општина Гази Баба, го запознаа градоначалникот со активностите на оваа организација и нивната посветеност на маргиналните заедници, посебно на жената под семејно насилство и на жената во Ромската заедница. Овој проект се води под наслов “Вработена Ромка – Независна Ромка“, поддржан од Фондацијата “Квина тил Квина“ од Шведска.

Во делегацијата на ХЕРА, покрај извршниот директор Бојан Јовановски, беа и Дамјан Николов, административен асистент, Оливера Стојановска Ивановска, проектна координаторка и Суда Дехари, членка во групата за застапување за еднакви можности при вработување во ХЕРА.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...