spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Петта вонредна седница на Советот на општината

Карпош: Петта вонредна седница на Советот на општината

Со 16 гласа за, советниците од Карпош го усвоија Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 3 04. 05, кој се најде како единствена точка на дневниот ред на вонредната седница на Советот на општина Карпош. За ДУП-от гласаа советниците од  СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, додека пак советниците од Левица и Независни за Карпош не присуствуваа на денешната седница.

Во таа насока, градоначалникот Стевчо Јакимовски пред присутните, детално ја образложи ургентноста од донесување на оваа планска документација.

Планот е изработен според одредбите за спроведување на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

Дупот е со плански опфат од 4.88 хектари и се протега од Север и Запад по оска на новопланираните сервисни улици „С3“ и „С4“, од Југ по оската на новопланираната улица „С1“ и од Исток, по должина на градската магистрала Булевар „8. Септември“.

Според ДУП-от се предвидува намена на просторот за комерцијални и деловни објекти, зеленило и рекреација, инфраструктура и сообраќајници, спортски базени и пливалишта, хали за повеќе спортови, дрвореди, украсно и заштитно урбано зеленило, пешачки простори, примарни и секундарни улични мрежи, како и бензински пумпи.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...