spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиНовиот претседател на Регионалниот одбор на СОНК – Гевгелија ја одржа својата...

Новиот претседател на Регионалниот одбор на СОНК – Гевгелија ја одржа својата прва седница

На 01.03.2022 година се одржа прва конститутивна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Гевгелија, која беше водена од новиот претседател, Даниела Караманова.

На седницата присуствуваше и претседателот на СОНК,  г-дин Јаким Неделков, кој даде поддршка за синдикалното единство и поддигање на синдикалната свест.

Најмногу внимание се посвети на прашањето за усогласување на платите во градинките, основното и средното образование со минималната плата на национално ниво.

Се донесе заклучок, доколку Владата не излезе во пресрет на барањето за усогласување на платите, Регионалниот одбор на СОНК-Гевгелија ќе го поддржи раководството на СОНК да донесе одлука со коja ќе ги заштити интересите на своите членови.

 

 

 

 

Извор: СОНК

Прочитајте

Велес: Средношколци – Економисти во посета на општината

0
Во посета на Општина Велес беа учениците од општинското средно училиште „Јовче Тесличков“. Посетата беше дел од нивната наставна програма и тие имаа...