spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски на конференција „ЕУ за општините“

Ѓорче Петров: Стојкоски на конференција „ЕУ за општините“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на конференцијата „ЕУ за општините“ која се одржа во Скопје.

Како што рече, конференцијата била одлична можност да се запознае со програмите „ЕУ за општините“ и Програма за прекугранична соработка меѓу земјава и Албанија.

-Евроамбасадорот Девид Гир ја потврди поддршката што Европската унија преку разни форми ја дава на општините. Општина Ѓорче Петров во овој момент имплементира партнерски проект со општина Ново Брдо од Косово во рамки на Програма за прекугранична соработка, финансирасна од ЕУ. Остануваме фокусирани во оваа насока се со цел подобрување на условите за живеење во нашата општина – додаде Стојкоски.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...