spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Работен состанок со Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

МЗ: Работен состанок со Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Се одржа работна средба на претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Северна Македонија со министерот и заменик министерот за здравство, д-р Сали и д-р Рендевски, на која се разговараше за суштинските прашања од областа на сестринството.

Еден од приоритетите е изработката на закон за сестринска дејност со кој би се уредиле бројните проблеми, кои се наталожени во изминатите години. Договорено е во следниот период, претставници од Здружението да работат заедно со правната служба од Министерството, со цел поскоро донесување на овој закон.

Воедно министерот Беким Сали и заменик министерот Владимир Рендевски изразија благодарност до сите медицински сестри за успешното справување со Ковид кризата.

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...