spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Отворена реновираната спортска сала во ООУ “Невена Георгиева Дуња”

Кисела Вода: Отворена реновираната спортска сала во ООУ “Невена Георгиева Дуња”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, сопственикот на “Адора Инженеринг”, Ванчо Чифлиганец и ракометарот Борко Ристовски ја пресекоа лентата и ја пуштија во употреба целосно реновираната спортска сала од ООУ “Невена Георгиева Дуња”.

Се работи за инвестиција во вредност од околу 4 милиони денари кои се искористија за темелна реконструкција на руинираниот објект изграден по катастрофалниот земјотрес.

-Се наоѓаме во училишната спортска сала на ООУ “Невена Георгиева Дуња”. која за нешто помалку од 3 месеци претпре сериозна реконструкција за децата, за разлика од минатото, да имаат далеку подобри услови за спортување. Инаку оваа сала е изградена непосредно после земјотресот и во истата, изминативе 60 години не беше вложено буквално ништо. Бидејќи општината не можеше сама да го направи овој финансиски чекор, сакам да се заблагодарам на компанијата АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ и нејзиниот сопственик Ванчо Чифлиганец кои се приклучија во цела оваа работа за денес да добиеме ваков убав, нов спортски бисер во Кисела Вода кој ќе го користат младите генерации. За нив сме должни да создаваме подобри услови за живот и подобра иднина-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски наведувајќи ги извршените градежни зафати во овој објект.

Во училишната спортска сала е извршена целосна термоенергетска обнова на ѕидовите. На подот кој има површина од 430 квадратни метри е поставен паркет. Целосно е променета електричната инсталација и осветлувањето, саниран е и системот за вентилација. Соблекувалните и помошните простории се варосани и обложени со плочки, а променета е и влезната врата. Санација претрпе и постоечката кровна покривка. Спортските реквизити беа санирани и репарирани, а извршено е дополнување со нови. На барање на Општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење.

-Концептот на покажување општествена одговорност токму ова го подразбира- кога помошта се дава на вистинското место и во вистинскиот момент, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој му додели благодарница на Ванчо Чифлиганец – АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ, заради финансиската поддршка при реализацијата на овој проект. Благодарница за континуираната поддршка на развојот на спортот во општина Кисела Вода доби и голманот Борко Ристовски.

На настанот присуствуваа и познатиот ракометар Аце Станковски и судијата Ѓори Начевски . По свеченото отворање, во салата влегоа основците од ООУ Невена Георгиева Дуња кои во ведра атмосфера, го одржаа часот по физичко заедно со спортистите и градоначалникот на општината.

По онаа во ООУ “Партенија Зографски’, oва e втората училишна спортска сала која е целосно реконструирана за овие шест месеци, откако на чело на Општина Кисела Вода е градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој најави сериозни инвестиции и во периодот што следува.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...