spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Арсовска - Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени...

Град Скопје: Арсовска – Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа

Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа

Дваесет членови на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа денеска се упатија со воз од Скопје до Велес. Заедно на Железничката станица во Скопје ги испратија градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со пакетчиња за членовите кои во Велес ќе ги пречека Градоначалникот Марко Колев.

 

– Ова патување е една убава можност за дружење и за запознавање со убавините на Македонија. Во Градот Скопје децата заболени од церебрална парализа и нивните родители имаат пријател и поддршка – им рече градоначалничката Арсовска на членовите на здружението.

Социјалната заштита и обезбедувањето подобри услови за граѓаните што се соочуваат со потешкотии е приоритет на Градот Скопје кој поддржува многубројни значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на овие лица.

Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа на ниво на Скопје е активно од 1999-та година.

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте