spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работилница за подготовка на нова Стратегија за РЈА 2023-2030

МИОА: Работилница за подготовка на нова Стратегија за РЈА 2023-2030

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со СИГМА организираше работилница за подготовка на Стратегија за реформа на јавната администрација  (2023- 2030).

Министерот Адмирим Алити на присутните им посака успешна и продуктивна работа, истакнувајќи дека реформата на јавната администрација е еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија.

,,Модернизацијата и унапредувањето на државната и јавната администрација се постојано актуелни и се гледа како основ на целокупниот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество. Од голема важност се документите кои го оценуваат напредокот и мониторингот на процесот на реформата на јавната администрација во нашата земја, дадени во Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, Извештајот од спроведениот мониторинг од страна на СИГМА за РСМ за 2021 година, како и Заклучоците на Специјалната група за РЈА за 2021 година“, рече министерот Алити.

При дизајнирањето на новата Стратегија за РЈА (2023 -2030), како што рече, мора да се земат во предвид препораките за областите кои бараат дополнителни реформи со цел да се усогласиме со стандардите на ЕУ.

Министерот Алити ја истакна силната заложба и посветеност кон процесот на РЈА а со тоа и имплементација на мерките и активностите предвидени во четирите приоритетни области од Стратегијата за РЈА. Воедно потенцираше дека процесот никогаш не запрел во насока на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација, која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

,,Иако МИОА е институција надлежна за водење на процесот на РЈА, за успешна имплементација и секако за подготовка на новата Стратегија за РЈА  потребно е вклучување на сите институции и останати засегнати страни. Во тој контекст, МИОА ќе продолжи на јакнење на меѓуинституционалната соработка, како и соработката со сите засегнати страни, посебно со граѓанскиот сектор и меѓународните организации во процесот на РЈА, се со цел да им се обезбедат квалитетни  и брзи услуги на граѓаните бидејќи реформата на јавната администрација, како долгорочен процес, зависи од сите нас“, заклучи министерот Алити.

Во работната група учествуваат претставници од министерствата и државните институции, како и претставници од граѓанскиот сектор и од меѓународни организации со седиште во Скопје, под координација на МИОА.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте