spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструиран првиот и вториот дел од пешачка патека на Јужен...

Град Скопје: Реконструиран првиот и вториот дел од пешачка патека на Јужен булевар

Екипите на ЈП Улици и патишта го асфалтираа првиот  и вториот дел од пешачката и велопатека на Јужен булевар во површина од 550 квадратни метри, која по налог на Град Скопје од неодамна почна да се реконструира во насока од градилиштето на Лимак до Стара рампа.

Градежните активности за реконструкцијата, според планот за работа ќе се одвиваат во неколку фази. Во тек се градежните активности и се врши ископ на земјен материјал, се поставува тампон слојот, рабниците и штом заврши асфалтирањето на еден дел од патеките се преминува на подготовка на теренот за следно асфалтирање. Вкупна површина што ќе се реконструира е 1.480 квадратни метри.

Екипите денеска ги поставуваат и новите 43 заштитни столпчиња на деловите каде што е асфалтирана површина и ќе продолжат со поставувањето до крај на потегот со завршувањето на реконструкцијата.

Со поставените заштитни столпчиња се спречува непрописното паркирање на возилата од несовесни граѓани, а со реконструкцијата на пешачката и велопатека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците и на велосипедистите во овој дел од градот.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МСПДМ: Поддршката од Швајцарија на приоритетните области – млади, социјално ранливи...

0
Министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, на...