Во Собранието на Република Северна Македонија (РСМ) започна обуката на преведувачи и лектори на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), што е резултат на билатералната соработка меѓу ОБСЕ и АПЈ.
Во оваа прилика, директорот Илбер Села му се заблагодари на амбасадорот Клеменс Која за поддршката на ОБСЕ во оваа насока. Тој нагласи дека оваа обука ќе им помогне на преведувачите и лекторите на АПЈ во нивниот професионален развој во областа на симултаното толкување.
Од друга страна, амбасадорот Која го изрази своето задоволство за досегашната поддршка преку заеднички проекти за градење на капацитетите на АПЈ, вклучително и обуката што започна денеска.
Единаесет преведувачи и лектори на АПЈ ќе бидат обучени од професионалци од областа на симултаното толкување, Блерина Старова Златку и Лукреција Маљковиќ Атанасовска.
Оваа обука е поддржана и од претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери кој ги обезбеди потребните технички услови за оваа обука.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните