Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, индивидуални сопственици извршиле
градежни работи во вредност од 12 760 179 илјади денари.
Во текот на 2021 година се градени вкупно 2 264 објекти и завршени се вкупно 2 724 станови со вкупна површина од 331 403 м2, од кои 142 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 14 405 м2.
Просечната корисна површина на завршените станови е 121.7 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Полошкиот, Југозападниот итн.
Извор: Државен завод за статистика