spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 2021 година

МВР: Исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 2021 година

Денеска (16.06.2022) Министерството за внатрешни работи изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.

Согласно Законот за работни односи и колективниот договор на МВР, со кој е предвидена обврска на работодавачот за исплата на трошоци за храна или обезбедена храна за ноќна работа, МВР изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.

Исплатата се врши врз основа на изработени решенија за надомест за трошоци за исхрана за работа ноќе. За таа цел од буџетот на МВР се обезбедени околу 7.000.000 денари кои ќе бидат исплатени во наредните денови.

 

Извор: Влада

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...