spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат – половина милијарда евра инвестиции...

МФ: Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат – половина милијарда евра инвестиции во инфраструктура за повеќе СДИ

Преку половина милијарда евра, односно 523,6 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти со ребалансот на Буџетот. Се инвестира во патниот дел од коридорите 8 и 10, како и во железницата, изградба на магистралните гасоводи, крупни проекти од областа на животната средина, здравството, образованието итн. Јавните инвестиции во инфраструктурата се од особено значење за придвижување на економската активност, но и за привлекување на странските инвеститори. Како што посочи нобеловецот Пол Кругман на Скопје економски и финансиски форум – СЕФФ, за да дојдат странските инвеститори, потребна е амбициозна агенда за инфраструктурни проекти.

 

„Она што треба сега да се стори, веднаш, и верувам дека се адресира тој проблем, е да осигурите дека ако сакате нешто, на пример фабрики од Холандија, Германија, ако сакате да користат производство тука, она што е најважно е инфраструктурата за транспорт“, порача Кругман во Скопје на првиот ден од СЕФФ.

Подобрувањето на инфраструктурата е еден од приоритетите на Владата на што упатува и високиот износ на капитални инвестиции предвидени и во Буџетот за 2022 година и сега со неговите измени. Капиталните инвестиции се проектирани на 32,2 милијарди денари и се за 37,8% повисоки во однос на претходната година. Планирани се значајни инвестициски вложувања во патната инфраструктура како што се коридорите 8 и 10. Меѓу нив се делницата Тетово – Гостивар/проширување на автопатот, изградба на автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар – Букојчани, делницата Прилеп – Битола, делниците Ранковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија, како и автопатските делници Кичево – Букојчани и Кичево – Охрид. Предвидена е и изградба на автопатска делница Скопје – Блаце, патна делница Штип – Радовиш итн.

Темата на годинашното издание на СЕФФ е „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. На првиот ден учесниците, меѓу кои владини претставници од регионот, високи претставници на меѓународни финансиски институции, претставници на бизнис-заедницата и експерти дебатираа за фискалните и монетарните политики и регионалната соработка. Дебатата продолжува денеска на теми поврзани со зелена транзиција, инфраструктура, поврзаност и трговија, финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност, нови предизвици за добро владеење и човечкиот капитал во 21-от век.

СЕФФ е замислен да функционира како платформа за дијалог на економски и финансиски теми. Целта е да ги поттикне сите чинители да понудат решенија што ќе можат да се искористат во решавањето на предизвиците со кои се соочуваме во моментов, но и решенија за подобра иднина.

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Карпош: Јавен повик за доделување на парична помош за секое новородено...

0
Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, се доделува парична помош за секое новородено-...