Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека испитот за управителсо отпад се полага во две испитни сесии: октомвриска и априлска сесија.
Испитот за управител за отпад ќе се полага во два дела:
– теоретски (усен) и практичен дел
Сите потребни информации во врска со полагањето на испитот за управителсо отпад се содржат во следните документи и истите може да ги најдете на веб страната на МЖСПП под ознака ИСПИТИ на следниов линк
- Услови кои кандидатот треба да ги исполнува за полагање на испитот зауправител
- Правилник за начинот на полагање на стручниот испит за управување со отпад, образецот на уверението и сертификатот, како и висината и начинот на плаќање на надоместокот за полагање на стручниот испит
- Програма за полагање на стручен испит за управител/виш управител со отпад
- Регистар на правни лица овластени за вршење на обука за полагање на испитите за управител и виш управител со отпад
- Образец – Барање за полагање за испит за управител со отпад.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање