,,Ми беше особено задоволство да учествувам заедно со премиерот на Косово, г-дин Албин Курти, заменик-премиерот на Албанија г-ѓа Белинда Балуку, како и министерот за економија во РКС, г-ѓа Артане Ризваноли, на свеченото отворање на Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан WB6, кој оваа година се одржува во Приштина“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.
На овој, петти по ред Дигитален Самит учествуваат голем број претставници на институции и компании од регионот а во фокусот е дигиталната трансформација.
Дигиталниот самит се одржува од 21 до 22 септември 2022 година и има за цел да ги поддржи земјите од Западен Балкан во дигиталната и иновативна технолошка транзиција, што ќе донесе големи придобивки како што се економски раст, сајбер безбедност, квалитетни услуги и олеснување на животите на граѓаните.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација