spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Директно учествуваме во обезбедување на услуги за рана интервенција кај децата

МТСП: Директно учествуваме во обезбедување на услуги за рана интервенција кај децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот по повод презентација на наодите од „Анализата на состојбата со раната интервенција кај децата во Северна Македонија“, изготвена во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во партнерство со Филозофскиот Факултет во Скопје и “RISE Institute” Washington D.C.

Министерката истакна дека заложбата за раниот детски развој за секое дете, а особено на децата со попреченост и обезбедувањето на социјалните и здравствените услуги е клучната инвестиција која обезбедува квалитетен и инклузивен живот во подоцнежните години.

„Реформите во социјалната заштита обезбедија широк влез на сите заинтересирани професионалци кои работат на полето на попреченост да го дадат својот придонес во развој на потенцијалите и капацитетите на детето и неговото семејство. Учеството на Министерството за труд и политика во политиките на рана интервенција вклучува активности кои директно ги засегаат децата, како и оние кои индиректно ги засегаат нивните семејствата. Обезбедена е законската рамка за развој на социјални услуги за индивидуален и групен третман, постои мрежа на дневните центри за деца и лица со попреченост од државни и приватни даватели на услуги, а исто така со помош на Делегацијата на Европската Унија отпочнат е процес на осовременување на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Центар за социјални услуги. На овој начин, Министерството за труд и социјална политика, директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека под водство на Министерството за труд и социјална политика, а заедно со колегите од Министерството за здравство, од Министерството за образование и наука, како и од Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост изработен е  Правилник за функционална проценка.

„Верувам дека во Република Северна Македонија имаме добра основа за услуги за рана детска интервенција, но потребни се дополнителни напори за развој на програми за рана интервенција кои обезбедуваат квалитетни, ефективни и подеднакво достапни услуги кои се однесуваат на потребите на децата, приспособени според возраста на детето и околностите во кои индивидуални деца живеат и се обезбедуваат во семејството. Затоа, услугите за рана детска интервенција треба да се гледаат како услуги со висок приоритет со главна цел да се развијат координирани и мулти – секторски стратегии засновани на правата на децата. Не смееме да заборавиме дека детската насмевка не смее да зависи од неговата/нејзината тешкотија, туку од можностите што општеството ги дава и овозможува,“ рече Тренчевска.

Таа се заблагодари за можноста да биде дел од овој настан и потенцираше дека сеопфатната анализа ќе помогне да се разбере состојбата на национално ниво на системот за рана интервенција кај децата, како и дека ќе даде насока за  изготвување на решенија за зајакнување, подобрување и проширување на поддршката на националниот систем.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија...