Во склоп на големиот градски парк, интензивно се работи на изградба на инклузивен парк од 675 метри квадратни, каде децата, вклучително и оние со посебни потреби, ќе се дружат и ќе играат заедно.
Деновиве за безбедност на посетителите беше поставена подлогата со тартан и почна да се поставуваат безбедни реквизити.
Ова доаѓа како резултат на апликацијата на општина Гостивар до Бирото за регионален развој на Полог и Министерството за труд и социјална политика.
Извор: Општина Гостивар